ШОКАНТНО: НОЌЕСКА ВО СВОЈОТ ДОМ КРВНИЧКИ ПРЕТЕПАНА ОД СВОЈОТ ТАТКО АКТИВИСТКАТА МАРИЈА КОНОПОВА

0
1326

Моника Ристеска или позната како Конопова, активистка за легализација на марихуаната која одлежа и затворска казна поради тоа што и беше пронајдена марихуана, тврди дека синоќа била жртва на семејно насилство, односно дека нејзиниот татко ја нападнал и брутално ја истепал без причина. Таа утринава во изјава за ,,Слободен печат” рече дека е во болница, на Клинички центар, на одделот за уво нос и грло. Конопова тврди дека татко и ја тепал 20 минути во кујната, затоа што отишла да си земе чипс од долапот за храна и без никаква конкретна причина.

– Ми се јадеше нешто солено, чипс и отидов до шкафчето да земам, кога тој се појави. Ми рече што си оставила ти таму, за да земеш. Јас го изигнорирав, меѓутоа тој стана агресивен и 20 минути ме тепаше, ми го скрши носот, имам фрактури на носот, треба да одам и на снимање на главата зашто имам страшни главоболки и стравувам дека имам некој потрес на мозокот. Го удираше дрвеното столче од мојата глава цело време, 20 минути не ме пушти. Столчето не се распадна зашто имам цврста глава – рекла таа за Слободен печат.

Јавноста беше шокирана од настанот откако Моника на својот Фејсбук профил објави експлицитни фотографии, на кои се гледа дека е расплакана, потечена и дека и тече млаз крв низ ноздрите. Таа тврди дека од ударите исто така и вилицата и е изместена.