Охриѓани ја добија првата паметна соларна клупа

0
3661

Охриѓани ја добија првата паметна соларна клупа, која е поставена во дворот на хотел Инекс Олгица.

Направена пред сѐ да служи како место за одмор за луѓето, клупата е дизајнирана да се вклопи во концептот „паметниот град“ и да понуди ново искуство за размена на информации на оние што ја користат.

Станува збор за клупа која на делот за седење има соларни панели, кои сончевата ја претвораат во електрична енергија, со што придонесува за зачувување на животната средина. На тој начин, таа повеќе не е само објект за одмор, туку паметен уред каде може да се наполни батерија на телефон или лаптоп, да се добијат релевантни локални информации, податоци за животната средина (квалитет на воздух, ниво на бучава, температура и сл.), информации за тоа колку енергија е генерирано и потрошено и сл.

Поставената клупа е од брендот „Строубери“ од каде во иднина очекуваат дека вакви клупи ќе бидат поставени на повеќе локации низ државата.