ЈАНКО БАЧЕВ ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ЗАЕВ И МИЦКОВСКИ : КОГА ЌЕ СТАНАМ ПРЕМИЕР ЌЕ ЛУСТРИРАМ, КОЉАМ И БЕСАМ КОДОШИ НА СТРАНСКИ СЛУЖБИ ОД СИТЕ ПАРТИИ

0
2401

Ја информираме јавноста дека новата легална власт на Единствена Македонија по победата на изборите веднаш ќе донесе нов закон за лустрација со кој ќе се овозможи брза, ефиксна и правична лустрација со цел прочистување на општеството од соработниците на Службата за државна безбедност кои кодошеле од идејно политички причини.

Ова од причина што, мора да престане практиката во Република Македонија функционери – кодоши и функционерски деца на кодоши и понатаму да ја водат државата. Универзитетски професори – кодоши и натаму да ја едуцираат македонската младина. Академици и писатели – кодоши и натаму да ни сервираат фалсификувана историја. Новинари – кодоши и натаму да го креираат јавното мислење. Олигарси – кодоши што извршија економска диверзија врз сопствениот народ и натаму да го крадат народот.

Истовремено,  лустрацијата ќе биде проширена и со шпионите на странски служби и држави кои работат против интересите на Република Македонија со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.