СПАСОВСКИ : ВО ШУТО ОРИЗАРИ ЗАЕДНО СО МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ ОД РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ЈА ПОТВРДИВМЕ ЗАЕДНИЧКАТА ОПРЕДЕЛБА ЗА РАМНОПРАВНОСТ ЗА СИТЕ

0
74
Почитувани пријатели,

Во мое лично име и од име на СДСМ, ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Нашата држава е градена и продолжува да функционира на темелите на еднаквоста, заедништвото и меѓусебното почитување. Ромите отсекогаш биле составен дел од тој концепт и тоа така ќе продолжи.
Преку вистинските, исправните политики што ги преземаме денес во Република Северна Македонија, Ромите се целосно рамноправни со сите наши граѓани, ги уживаат сите права, го негуваат својот јазик, ја развиваат својата култура и традиција и активно учествуваат во креирањето успешни политики, преку нивните претставници во централната, извршната но и локалната власт.
Продолжуваме заедно како и досега, свесни за предизвиците и потребите на Ромите во нашата држава, да ја унапредуваме интеграцијата, обезбедувајќи подобар и поквалитетен живот за сите, без разлика на етничката, верската, политичката или родовата припадност. Ја имате мојата поддршка во секој еден момент, бидејќи силна држава значи подадена рака на секого!

Нека е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!

Bahtalo о 8. April sa e Romenge!