АЛБАНИЈА ПРЕМИНУВА ВО ВТОРА ФАЗА НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ПОРАДИ ДЕЛТА ВАРИЈАНТАТА: ЌЕ БИДАТ ОБВРЗАНИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА И ПОЛИЦИЈА, ФАРМАЦЕВТИТЕ И ЛАБОРАНТИТЕ

0
661

По спроведената задолжителна вакцинација против Ковид-19 за лекарите, наставниците и студентите, албанското министерство за здравство најави дека истото ќе се прави и со вработените во администрацијата, полицијата, вработените во аптеките и лабораториите. 

“Напливот на новозаболени, главно со делта сојот, посебно кај помладата популација, услови проширување на опсегот за задолжителна вакцинација на групите кои се најзагрозени од ширењето на инфекцијата. Најпрво тоа го направивме за медицинскиот персонал, универзитетските работници и студенти а сега ги опфаќаме и вработените во админстрацијата, полицијата,  фармацевтските работници и лаборантите” – изјави Еугена Томини, заменик-министерка за здравство.   

Во текот на овој месец, оваа категорија граѓани треба да се имунизираат и до 30-ти септември да го достават сертификатот во нивната работна организација а за студентите, во канцелариите треба да достават копија од картичката за вакцинација.