„ОДГОВОРНОСТА ЗА ДЕСЕТГОДИШНОТО ГРАДЕЊЕ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД ТРЕБА ДА СЕ БАРА И КАЈ ПРОЕКТАНТИТЕ“ ВЕЛИ КОВАЧЕВСКИ

0
241

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека одговорноста за десетгодишното градење на автопатот Кичево-Охрид треба да се бара и кај проектантите.

„Одговорни за проектирање на автопатот се проектантски куќи, имаат име и презиме, лиценци и одговорност. Врз основа на проектите договорната страна прифатила дека автопатот ќе го изгради до крајот на 2023 година. Сега треба да направиме анализа зошто не е завршено, зошто се доцни, дали проектите биле квалитетно направени, дали оние што проектирале ги заслужуваат лиценците за оваа работа. За книговодител што ги промашува завршните сметки на компанијата се поставува прашањето дали ја заслужува лиценцата да биде овластен сметководител.

Исто е и кај проектантите. Ако постојано имате проекти во кои се појавуваат нови и нови свлечишта, а сигурно дека ако имате свлечиште не може да направите автопат кој е функционален бидејќи по три дена ќе биде затрупан со земја, сето тоа треба да се анализира“, рече Ковачевски.Патот чини 600 милиони евра, а Ковачевски вели дека не се фрлени во контејнер бидејќи 75 проценти е веќе изграден.

Проблемите, како што вели, се појавиле поради тоа што проектирањето и репроектирањето не биле направени на квалитетен начин, па патот се гради 10 години.