Продолжува кршењето на работничките права и нечовечкиот однос кон вработените во Грујовата инвестиција ВЕИБО ГРУП Крива Паланка

0
1152

Од виртуелните инвестиции на Никола Груевски и ветените  5600 работни места во индустриската зона во Ранковце остана само изолирана празна ливада, два билборда до магистралниот пат и нула нови работни места.

Оние пак 230 работници кои беа превземени од бизнис партнерот Орце Камчев, секојдневно се жалат на кршење на работничките права и некоректниот и нечовечки однос од страна на одговорните лица во погонот во Крива Паланка.

Залудни се повиците кон трудовата инспекција и останатите надлежни органи деновиве за прекувремена работа и ускратување на основните права како што е паузата за појадок и слично.

Се откажавме од К-15, од 8 часовно работно време, од викенди од прзници, но неможеме да го погазиме нашето достоинство некој да не споредува со целокупно животинско царство, се жалат вработените.

 Работничките права се утврдени со закон и недозволиво е постојано да се заобиколуваат.

 Недозволиво е наводните инвеститори да се богатат, а вработените со 70 часа на неделно да земаат минимална плата од 7.000 денари.

 Каде е државниот инспекторат за труд на Р. Македонија да излезе и да направи увид во импелментацијата на законот за работни односи и кршењето на работничките права?

 Бараме веднаш да се стави крај на ваквиот манипулаторски начин на однесување и да се врати достоинството на сите вработени конфекционерската индустрија.

 Виртуелните инвестиции на Груевски носат експлоатација на работничкиот труд и крајно лоши услови за работниците!

За сето ова некој мора, и ќе одговара. По формирањето на новата Влада на Р. Македонија минималната плата ќе биде загарантирана, а работничките права мора да се почитуваат.

Промените мора да се случат и ќе се случат!