ГЕРО РАСПАЛИ ПО МИЦКОТА : ИДЕЈАТА ДА ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА СО СДСМ И ДА ПРИФАТИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ Е САМОУБИСТВО ЗА ВМРО ДПМНЕ!

0
1005

Во колумна на Плусинфо, Геровски распали по Мицковски: Ќе беше тоа крупна стратешка грешка на Христијан Мицкоски. Учеството на најмоќната опозициска партија во една широка „преодна“ влада, чија цел би била беспоговорно прифаќање на бугарскиот диктат, за ВМРО-ДПМНЕ би значело брзо опаѓање на сега растечкиот рејтинг и ризик од губење на изборите. „Братски“ доделените пет министерски места за неколку месеци ќе се претвореа во исто толку „братска“ клоца во задникот.

Ќе беше тоа автогол во 90-та минута… Како и да е, зборувам сега во кондиционали, во стилот „што би било кога би било“, бидејќи ништо што било понудено и ништо за што се разговарало на лидерската средба не важи и не можело ни да важи ако не е прифатена и договорена основната проектна задача – брзо и беспоговорно прифаќање на уставните промени.