МУАРЕМИ ЈА ТУЖИ РУСКОВСКА

0
597

„Одлуките на обвинителството потврдуваат дека во институцијата со која што јас раководев нема неправилности и незаконитости во периодот на моето директорување. Како што тоа претходно го тврдев, останувам на истиот став дека нападот кон мене беше исклучиво поради нечии лични цели и интереси, притоа злоупотребувајќи ја јавно обвинителската фунција со цел да ми се наштети на мене, на мојот углед и угледот на Управата.

Дополнително, ве известувам дека до Основниот граѓански суд имам поднесено тужба против Вилма Русковска, затоа што истата, во неколку наврати во своите јавни излагања во емисиски гостувања, иако свесна за невистинитоста на истите, продолжува да изнесува лажни и невистинити податоци, да лаже и да клевети. Од моја страна, злоупотребите на Вилма Русковска ќе бидат докажани и обелоденети до крај“, додава Муареми.