ДО СРЕДА ЌЕ ИМ СЕ ОДГОВОРИ НА БАРАЊАТА НА ЛОЗАРИТЕ, АРИЈАНИТ ХОЏА: ЌЕ СЕ ОТКУПИ ЦЕЛОТО ПРОИЗВЕДЕНО ГРОЗЈЕ И ЌЕ ИМА СУБВЕНЦИИ ОД 2 ДЕНАРИ ЗА ОТКУПЕН КИЛОГРАМ ГРОЗЈЕ

0
572

“Гарантирам дека ќе се откупи целото произведено грозје. Министерството за земјоделство е секогаш отворено за сите проблеми на лозарите” – ова им го порача министерот Аријанит Хоџа на производителите на грозје во Неготино.

“Жал ми е што протестирате бидејќи вратите на Министерството за земјоделство се отворени, да дојдете да разговараме. Но еве сме тука, го имате целото наше внимание. Слободно кажете кои се проблемите. Ние како и секогаш, стоиме на располагање за решавање на сите проблеми на земјоделците, па и на лозарите” – рече министерот Хоџа.

“Се договоривме протестот да прекине, до среда ќе им се одговори на нивните барања. Им кажав дека поголем дел од поголемите винарски визби одредиле цени за грозје од оваа реколта. Им го кажав ставот на Министерството и на Владата дека остануваат дополнителните 2 денари за килограм, се работи на тоа, тоа да важи за сите сорти и за висококвалитетни сорти на грозје. Сигурно ќе имаме подобра гроздоберска година од ланската и од претходните” – рече министерот Хоџа.

На средбата со лозарите дојдоа и пратениците Даниела Колева и Панчо Минов.