СПАСОВСКИ : ОД 1-ВИ ОКТОМВРИ ПОКАЧЕНИ ПЛАТИ ЗА 10%, ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ОД 10.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЈ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК

0
396
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека според договорот сите вработени во МВР во октомври годинава ќе ја добијат ветената покачена плата за 10%. Тој напомена дека до крајот на годината ќе добијат и регрес за годишен одмор во изност од 10.000 денари.

„Низ дијалог до решенија во интерес на членовите на МПС, но и на сите вработени во МВР. На 1 октомври ќе имате плата зголемена за 10% за сите вработени во МВР и до крајот на годината регрес за годишен одмор од 10.000 денари за секој полициски службеник“ – напиша Спасовски. Линк до видео, ОВДЕ.