МИТРЕСКИ : ДОКОЛКУ ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЛЕВИЦА ЈОВАНА МОЈСОСКА ВО РОК ОД 24 ЧАСА НЕ СЕ ИЗВИНИ ЌЕ ЈА ТУЖАМ ЗА НАВРЕДА И КЛЕВЕТА, А ПАРИТЕ ШТО ЌЕ ГИ ДОБИЈАМ ЌЕ ГИ ДОНИРАМ ЗА ПОПРАВКА НА КУЌАТА НА ХРИСТО УЗУНОВ ВО ОХРИД!

0
1117

Јована Мојсоска, генсекот на Левица пак згрешила или го згрешила човекот.

Згрешила бидејќи сум еден од ретките што и кога патува, не прикажува трошоците, а никогаш, ама НИКОГАШ не сум пријавил трошоци кога Собранието не работело.

Секако, еден сум од ретките пратеници кој самостојно плаќа кирија, а вакви како Јована, односно многу “поопасни” пробале да нарушат чест и углед.

Затоа, ако Јована не се извини во рок од 24 часа, на ист начин како што ја истакна клеветата спрема мене односно истото го направи јавно преку социјалните мрежи, ќе покренам правна постапка за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и ќе барам надомест на нематеријална штета за нарушување на честа и угледот.

Досудените средства ќе ги донирам за поправка на куќата на Христо Узунов во Охрид, еден од најголемите македонски револуционери.

Фејсбук статус на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески