МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО САРАЦИН, РЕАЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ ТИЕ КОИ МОРА ДА СЕ РЕШАТ

0
419

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК Антонијо Милошоски оствари средба со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.На средбата стана збор за актуелните политичко економски состојби во државата и реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека со последните измени на кривичниот законик кој ги направи власта со европско знаменце всушност се подготвува за опозиција и директно ги амнестира своите кадри кои во ова гледаат начин да ја одбегнат правдата. Еден од најважните приоритети на идната Влада ќе биде борбата против корупција, истакна Мицкоски.

Воедно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги истакна реалните проблеми на граѓаните како што се недостатоците во образование, немањето учебници, проблемите во економијата, високата инфлација и редица други неуспеси кои потврдуваат дека власта е далеку од споделувањето на европските вредности и цели.Исто така беше разговарано и за уставните измени при што Мицкоски го реафирмираше ставот дека оваа влада нема легитимитет за таков чекор и дека прифаќање на бугарски диктат нема да се случи.