ДРОСТЕН : БУСТЕР ДОЗАТА Е ОД КРУЦИЈАЛНА ВАЖНОСТ ПРОТИВ ОМИКРОН СОЈОТ

0
1079

Германскиот вирусолог Кристијан Дростен за германските медиуми изјави дека бустер дозата на вакцина е од круцијална важност против новиот сој на Ковид, Омикрон сојот.

,,Тоа што навистина штити од новата мутација на Ковид, сојот Омикрон е бустер дозата или поточно третата вакцина што ја примаат пациентите”, изјави во вторникот научникот Берлин Чарит во еден од интернет подкастите во Германија поврзани со новиот сој на вирус.

Бустер дозата што се прима во Германија е клучна за битката против Омикрон сојот каде резултатите според истражувањата покажуваат дека токму оваа трета доза на вакцина го спречува процесот на зараза и ширењето на вирусот низ населението, изјави Дростен.

Истражувањата во Германија покажаа дека токму поради бустер дозата се намалува бројот на хоспитализирани случаи во земјата.

,,Мислам дека токму Бустер дозата е тоа што ни треба” изјави познатиот германски вирусолог Дростен.

Според вирусолозите од советот за заразни болести на министерството за здравство во Германија по примањето на бустер дозата се намалуваат случаите на пациентите хоспитализирани од Делта сојот а исто така и од новиот сој Омикрон што значи дека третата вакцина е прилично ефективна во борбата против оваа последна мутација на вирусот Ковид.