ТЕЧЕ НИЗ НОГАВИЦИ, ГРУЈО И БАТЕ САШЕ СЕГА ГО АКТИВИРАА И ОВОЈ : Режимското копито Аневски се закани дека ќе ѝ одземе случаи на Јанева

0
1520

Советот на јавни обвинители ќе ѝ ги одземе случаите Маѓар Телеком, Шпион, нелегалниот пиштол на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и обвинението за порнографија против неговиот син на Специјалната обвинителка Катица Јанева, ако таа в среда не се појави во Советот на јавни обвинители. Јанева сè уште не ги презела предметите, а може да ги изгуби. Советот на јавни обвинители донел негативна оценка за извештајот за шестмесечната работа на Специјалното обвинителство, кој Јанева одби да го образложи.

Претседателот на Советот Бранко Аневски изјави дека Јанева треба да образложи, а Советот да одлучи дали таа е надлежна да постапува по овие случаи.

„Мора да дојде, а доколку не дојде ќе ни ја олесни работата и ние најверојатно, доколку не дојде, ние немаме податоци од каде ја црпи надлежноста, веројатноста за нејзината надлежност, ќе ни ја олесни работата и ќе донесеме негативна одлука“, изјави Аневски.