НОВАК ЃОКОВИЌ СО 3 : 0 ГО ПОБЕДИ РУСИНОТ МЕДВЕДЕВ И ЈА ОСВОИ РЕКОРДНАТА 24-КА НА ГРЕНДСЛЕМ ТУРНИРОТ И ЧЕТВРТА ТИТУЛА НА ФЛЕШИНГ МИДОУЗ!

0
670

Новак Ѓоковиќ и официјално е најдобриот тенисер на сите времиња откако успеа да стигне до рекордната 24. гранд-слем титула. Тој во финалето на последниот гранд-слем турнир во сезоната славеше над Русинот, Данил Медведев со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 6-3.

Српскиот тенисер направи брејк уште во првиот сервис гејм на Медведев и сето тоа беше доволно за освојување на првиот сет со 6-3.

Во третиот сет само рутински ја заврши целата работа за четвртта титула на Флешинг Мидоуз и 24. грандслем со кој се израмни на вечната листа со легендарната Маргарет Корт.