ОПШТИНА ГАЗИ БАБА И БОБАН СТЕФКОВСКИ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА УЛИЦИ, ПАТИШТА, УЛИЦИ, САНАЦИИ, УДАРНИ ДУПКИ И СЛИЧНО СКЛУЧИЛЕ ДОГОВОР СО ФИРМА СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ,,МЕСТЕЊЕ ТЕНДЕРИ” СО ВКУПНА ВРЕДНОСТ ОД СКОРО 1.900.000 ЕВРА

0
494

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА:

Договор за Ревитализација и рехабилитација на улици , патишта , паркинзи и слично втора фаза склучен на ден 10.01.2023 во вредност од 17.000.000,40ден. Потпишан од Бобан Стефковски.

Договор за Оджување и санација на улици со надградби и крпење на ударни дупки на територија на Општина Гази Баба- втора фаза склучен на ден 27.12.2022 во вредност од 4.429.999,66ден. Потпишан од Бобан Стефковски.

Договор за Ревитализација на улици и патишта на територија на Општина Гази Баба склучен на ден 17.05.2022 во вредност од 26.799.999,52ден. Потпишан од Бобан Стефковски.

Договор за Крпење на ударни дупки на територија на Општина Гази Баба склучен на ден 02.12.2021 во вредност од 14.000.000,26ден. Потпишан од Бобан Стефковски.

Договор за Ревитализација на улици и патишта на територија на Општина Гази Баба, склучен на ден 17.07.2023, во вредност од 55.999.999,86ден. Потпишан од градоначалник Бобан Стефковски.

Вкупно од Гази Баба 116.229.997 денари.

Инаку, компанијата “Изолација Дамјан Силјановски” има кривична пријава токму за “местење тендери”.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје во 2020 година поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Зелениково и уште шест лица за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „поттикнување“.

Кривичната пријава е поднесена против В.Г. градоначалник на Општина Зелениково во период 2013-2017 година, И.Н. управител на Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО увоз-извоз Скопје, С.Т. инженер за изведба, Б.Ј.Ј. надзорен орган, С.С.Б. претседател на комисијата за јавната набавка, Д.Ѓ. член на комисија за јавна набавка и К.С. член на комисија за јавна набавка.

Како што објаснија тогаш од Управата, првопријавениот В.Г. во соизвршителство со третопријавениот С.Т. во својство на инжинер за изведба и четвртопријавената Б.Ј.Ј. во својство на надзорен инженер поттикнати од И.Н. во својство на управител на Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО увоз-извоз Скопје, во текот на 2017 година ја злоупотребиле службената положба и овластување на начини што првопријавениот потпишал и исплатил средства во износ од 2.198.109,00 денари од буџетот на Општината на сметката на пријавеното Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО увоз-извоз Скопје за наводно извршени работи за крпење на дупки опишани во времена ситуација, градежен дневник и градежна книга заверени со потпис и печат од страна на трето и четврто пријавените, иако наведените работи не биле во целост извршени ни по квалитет ни по квантитет и на тој начин предзивикале штета на Општината Зелениково во износ од 903.190,28 денари.

Петтопријавената С.С.Б., во својство на претседател на комисијата за јавната набавка, шестопријавена Д.Ѓ. во својство на член на комисијата за јавната набавка и седмопријавената К.С. во својство на член на комисијата за јавната набавка, во текот на 2017 година, поттикнати од второпријавениот И.Н., ја злоупотебиле својата службена положба и овластувања на начин што свесно и со однапред утврдена намера во постапката за јавна набавка на градежни работи, предвиделе ограничувачки и дискриминаторски критериуми, не побарале задолжителна согласност од Советот за јавните набавки, извршиле незаконска евалуација на понудите и спротивно на законските прописи понудата поднесена од страна пријавениото Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО увоз-извоз Скопје ја избрале за најповолна понуда, при тоа овозможувајќи му на пријавениот правен субјект да се стекне со противправна корист од 2.536.943,00 денари.

Потписник на дел од договорите со општините склучени во последните две години е токму управителот Иван Николиќ, против кој е поднесена претходно споменатата кривична пријава.