Дибала: Изразот на лицето кажува сè, конечно, негативен на корона вирусот!

0
1138

Јувентус потврдија дека нивниот аргентински напаѓач Пауло Дибала, конечно, е негативен на корона вирусот по неколкуте позитивни тестови за него и неговата девојка.

Дибала беше еден од тројцата фудбалери на „бјанконерите“, заедно со Даниеле Ругани и Блез Матуиди кои беа позитивни на КОВИД-19 уште во март.

„Пауло Дибала, според протоколот, повторно беше проверен на КОВИД-19, и резултатите се негативни. Ова значи дека фудбалерот се опоравил од вирусот и веќе нема да е подложен на домашна изолација“, се вели во објавата на Јувентус.

Дибала ги прослави вестите со фото на Инстаграм: „Моето лице кажува сè, конечно сум оздравен од КОВИД-19“.

Дибала сега ќе може да продолжи со индивидуалните тренинзи, откако фудбалерите во Серија А добија дозвола од владата оваа недела. Групните тренинзи ќе почнат на 17 мај.

Извор : ТопСпорт