СПАСОВСКИ : НАЈИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ ДО МОИ КУМАНОВЦИ КОИ УШТЕ ЕДНАШ СЕ ПОКАЖАА И ДОКАЖАА КАКО ОДЛИЧНИ ДОМАЌИНИ НА ГОЛЕМИ НАСТАНИ КАКО ВЧЕРАШНОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 22 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ ЕДИНИЦА ЗА БРЗО РАСПОРЕДУВАЊЕ

0
383

Посебна благодарност до сите граѓани за поддршката и почитта кои ги даваат на чуварите на безбедноста – македонската полиција 🇲🇰 Влегувајќи во третата деценија од своето постоење, Единицата за брзо распоредување, сите нејзини поранешни, но и сегашни припадници, низ секојдневното работење, демонстрираа силна посветеност и амбиција не само да ги следат зададените стратешки насоки за развој и унапредување на Единицата, туку и да ги надоградуваат своите професионални и стручни капацитети, со препознаена пожртвуваност, изразена преку бројните примери на успешно реализирани активности. Притоа, не штедејќи се себе си, а секогаш кога била доведена во прашање безбедноста на државата и институциите – ставајќи ги на ризик сопствените животи, како гаранти и чувари на безбедноста, спокојот и животот на сите наши граѓани.

Преку успешната имплементација на базичните полициски принципи на работа како неселективност во пристапот и нулта толеранција за прекршителите на законите, водени од геслото „Секогаш и секаде“ по кое оваа Единица е препознатлива, но и со концептот на „Полицијата – сервис на граѓаните“, согласно законски предвидените надлежности – постигнавме многу во зацртаното устројување на полицијата во крајно професионална и функционално остручена и оспособена безбедносна институција.
За многу години ЕБР!
🇲🇰
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.