КАСАМИ ДОБИ ПОКАНА ЗА НА СУД : УШТЕ ЕДЕН ОБИД ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ МИ МОЛЧЕЊЕ!

0
520

Основен суд во Тетово испратил покана до локалната самоуправа во градот под Шар Планина со барање претставник на општината да дојде на судско рочиште закажано на 15 септември. Причина е сторен прекршок при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, а поради тоа што не беше спроведен Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

Тетовскиот градоначалник кој е лидер на движењето БЕСА, Билал Касами, добил покана за распит во тетовскиот Суд поради настанот од 11 август. Како што се наведува, причина е интонирањето на албанската химна и веењето на албанските знамиња во македонскиот град.