КОВИД СЕРТИФИКАТ, НЕГАТИВЕН ПЦР ТЕСТ ИЛИ ПОТВРДА ЗА ПРЕЛЕЖАН КОВИД СЕ НЕОПХОДНИ ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА ДО 7-МИ ЈУНИ

0
1309

Правилата и протоколите за влез во Грција воведени на 14 мај, кои меѓу другото важат и за македонските државјани, продолжени се до 7 јуни 2021 година согласно новата министерска одлука објавена во Службен весник.

Северна Македонија и понатаму е меѓу земјите за кои постои исклучок од забраната за патување во Грција за државјани на трети земји, а непроменети се и задолжителните потврди за влез, односно или сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19 како и пополнет PLF формулар.

Паралелно истите правила и рестрикции што важат и за грчките државјани, важат и за странските туристи, како што се задолжителна употреба на маска и на отворено и на затворено, забрана за движење по 00.30 часот поради полицискиот час, задолжително одржување дистанца итн.

Кон Северна Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по грчко, односно од 6 до 22 часот по македонско време.