КОВАЧЕВСКИ: АЛТЕРНАТИВА ЌЕ МОРА ДА СЕ ПРИЛАГОДИ НА НОВИТЕ ОКОЛНОСТИ

0
486

Сите политички партии ќе мора малку да се прилагодат на новите околности. Финалниот резултат од разговорите за влез на Алијанса во Владата ќе може да го знаеме вечерва по завршувања на партиските состаноци во СДСМ и во Алијанса. За одлуката на Алтернатива не можам да коментирам.

Вратата останува отворена, бидејќи тие се дел од Владата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Прашан до каде се преговорите за влез на Алијанса за Албанците во Влада и дали Алтернатива останува во Влада или не, Ковачевски посочи дека денеска имаат седница на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, каде работната група ќе поднесе извештај од преговорите кои што се водени.