Николовски: Формираме истражани центри и го зголемуваме бројот на обвинители

0
588

„Меѓу првите слабости се констатирани слабостите во јавните обвинителства, и сите извештати кои ги добиваме нотираат слабост на обвинителствата, затоа фокусот ни е на формирање стручни, истраѓни центри.

Исто така, нема доволен број обвинители, и сето тоа ни е обврска. Сето ова мора да се обезбеди за да имаме брзи постапки, ефикасно решавање случаи, незастарување предмети…“- изјави вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, на гостувањето во „Утрински брифинг“.

Најави дека овој процес со обезбедување услови за работа на обвинителите ќе оди паралелно со процесот на прочистување на правосудството, за конечно институциите да обезбедат правда и владеење на правото.