ДРАГО МИ Е ШТО КОНЕЧНО ТЕ ЗАПОЗНАВ, МУ ВЕЛИ КИРЈАКОС НА ЗАЕВ, ДОБРО Е ИМА ПОЛИТИЧКА ХЕМИЈА И МЕЃУ НИВ ДВАЈЦАТА

0
1283

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска во Њујорк, за време на Генералното собрание на ОН, оствари средба со Претседателот на Владата на Грција Кирјакос Мицотакис.

На средбата премиерот Заев истакна дека Владата на Република Северна Македонија е максимално фокусирана на конструктивен пристап во градењето меѓусебно партнерство засновано врз пријателство и заеднички интерес за просперитетен регион во интерес на граѓаните на двете земји.

Премиерот Заев нагласи дека Владата на Северна Македонија е подготвена за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу Република Грција и Република Северна Македонија, како што е предвидено со Договорот од Преспа, за кој потенцираше дека е историски чекор и значаен договор за градење добрососедство, поблиска соработка и конструктивни и позитивни односи меѓу двете земји.