Сведок: „МОНСТРУМ“ пред Специјалното обвинителство и пред Врховниот суд

0
1099

Специјалното јавно обвинителство почнало предистражна постапка за случајот „Монструм“, повикувајќи ги адвокатите и семејствата на обвинетите во случајов, информира порталот„Сведок“ повикувајќи се на извори во обвинителството.

Предметот му бил даден во работа на обвинителот Трајче Пеливанов, кој како што брифираат изворите на „Сведок“ имал средби со роднини на обвинетите и со адвокатите на кои средби ги исслушал нивните тврдења „дека обвинетите во случајот Монструм не се тие кои го извршија убиството во близина на Смиљковското езеро“.

На адвокатите и на семејствата засега не им биле презентирани аудио разговори или докази кои произлегуваат од прислушуваните разговори, но според изворите на „Сведок“, обвинителот располага со дополнителни информации кои сакал да ги провери и преку семејствата и адвокатите и затоа ги повикал.

Истиот извор за Сведок посочува дека семејствата и адвокатите биле изненадени од тоа колку информации имал обвинителот за случајот, што им дало надеж дека логистиката на обвинителот може да значи и пресвртница во предметот.

А, додека се очекува официјална одлука дали Специјалното обвинителство ќе се вклучи во „Монструм“ и во која фаза, адвокатите ја добиле пресудата на скопскиот апелационен суд со кој беше потврдена првостепената пресуда, доживотен затвор за обвинетите и поднеле жалба до Врховниот суд.

Во сите случаи, кога со пресуда е изречена казна доживотен затвор, осудените имаат право на редовна жалба до Врховниот суд, кој одлучува во трет и конечен степен.

(…)
Масакрот кај Смилковското езеро каде што бие убиени млади момчиња и рибар беше во април 2012 година. Родителите на момчињата кои беа убиени кај Смилковското Езеро останаа незадоволни и од одлуката на Апелациониот суд  за обвинетите во случајот „Монструм“. Тие сметаа дека сè уште не се кажани сите работи околу ова монструозно убиство.  Родителите на убиените момчиња се сомневаа дека високи фукнционери се вмешани во убиството на нивните деца.

Текстот во целост прочитајте го овде ОВДЕ