СЕ ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ТАЈНА КОАЛИЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ СО ЗАЕВ – МИЦКОСКИ ЈА КОМЕНТИРАШЕ ФОТОГРАФИЈАТА НА ЗАЕВ СО КОВАЧЕВСКИ

0
355

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од настанот во Струмица повика на единство и обединување против „злото кое ја уништува секоја клетка во ова општество“.

Луѓето од власта се свесни дека ќе им се случи народ и дека ги чека тежок пораз. Она што им преостана се интригите, сплектарењето и очајните чекори на редење на клинови, сеење омраза и византиски игри. Па така пред некој ден се состанале Ковачевски, Зечевиќ, Заев и Спасовски да прикажат дека се единствени и сплотени.

Потребата да се прави сето ова вушност ја покажува спротивната теза дека се длабоко поделени и раскарани. И добро е што се сретнале, затоа што така пропадна уште една теза на одредени кругови на власта, па и на оние нивни лакеи во опозицијата дека имало било каква тајна коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Заев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Струмица, на Втората годишна конференција на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пред некој еден еден новинар ме праша дали ја видов фотографијата. Му одговорив потврдно, да ја видов. Она што го има таму се луѓе кои направија многу штета за која следува многу години одговорност за сето она што им го донесоа на Македонија и на народот.

А одговорноста за сите нив следи веднаш по поразот на избрите каде промените се неизбежни и ние како држава нема да одиме напред ако нема правда, а правда мораме да донесеме и јас ви ветувам дека ќе донесеме – рече Мицкоски.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од настанот во Струмица повика на единство и обединување против „злото кое ја уништува секоја клетка во ова општество“.