БИТИЌИ ОД ТРИБИНАТА НА СДСМ „СИЛНО И ОДЛУЧНО“ ОД ШУТО ОРИЗАРИ : СДСМ ВЛОЖУВА ВО СИТЕ ОПШТИНИ, ЗА ДОБАР ЖИВОТ НА СИТЕ ГРАЃАНИ

0
482

Потпретседателот Битиќи денеска се обрати на трибината организирана во Шуто Оризари, дел од караванот „Силно и одлучно“.На трибината потпретседателот Битиќи се осврна на граѓанскиот концепт на едно општество за сите кој го гаи СДСМ, како одговорна и делотворна партија, за сите граѓани.Тој концепт не значи само еднакви права и обврски за сите граѓани, значи и еднакво вложување во секоја општина, секое населено место. „Во Шуто Оризари се завршени големи и значајни проекти меѓу кои, опремувањето и функционирањето на гинеколошката ординација. Не е важно колку чини, зошто што е поважно од здравјето на близу 20.000 жени кои живеат тука.

Кој сега добиваат добри и навремени прегледи кои можеби некому ќе спасат и живот.Преку ТАВ проектите, завршена е и канализациската мрежа на улиците – Јордан Хаџи Шишков и Брсјачка Буна како и Овчеполска со дел од Новопроектирана улица. Ова канализациско поврзување чинеше 1 милион и 200 илјади евра, вложени во инфраструктура која е значајна.“ – истакна потпретседателот Битиќи Потпретседателот на почетокот на трибината се осврна и на кризата низ која поминуваме и справувањето со истата.

„Тежок период е, сите ги чувствуваме последиците од кризата, но заедно сме, СДСМ е тука за вас. Само заедно можеме да успееме и ќе успееме, во тоа да бидете сигурни.“ – рече Битиќи.Потпретседателот Битиќи на крајот на своето обраќање се осврна на концептот на едно општество за сите кој СДСМ како партија на граѓаните го гради и надградува.„СДСМ е силна поради различностите, силна поради вербата во едно општество за сите“ – истакна Битиќи