КОСТАДИНОВСКА СТОЈЧЕВСКА : СДСМ ВОДИ ОДГОВОРНИ ПОЛИТИКИ ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА, ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА 200.000 ГРАЃАНИ

0
349

Потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во општина Петровец порача СДСМ секогаш го слуша гласот на граѓаните и ги следи нивните потреби.Во време на најголемата криза светска и енергетска криза СДСМ и премиерот Ковачевски имаат решенија за предизвиците и успешно ја менаџираат кризата, заштитувајќи го стандардот на граѓаните, а истовремено се реализираат стратешките цели на државата, денеска Република Северна Македонија е членка на НАТО и преговара со Европската унија, истакна Костадиновска Стојчевска.

Потпретседателката Костадиновска Стојчевска посочи дека во време на криза со мерките на СДСМ се субвенционира струјата за домаќинствата за дури 80 проценти како и за 72.000 компании што вработуваат најголем дел од вработените во државата.Во тек е реализација на антикризни мерки за финансиска помош за околу 200.000 граѓани од ранливите категории, претходно ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, што е двојно повеќе за само пет години. Пензиите растат и веќе во март ќе се покачат за околу шест отсто. Очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи. Тоа нашите граѓани го заслужуваат и тоа е одговорна политика во време на криза, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека во време на криза никој не е оставен сам.

Потпретседателката Костадиновска Стојчевска истакна дека додека СДСМ ги помага граѓаните и гледа кон иднината ВМРО-ДПМНЕ гледа назад продолжува со своите блокади и деструкции.Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат проекти, се фалат со оние што им ги оставија нашите градоначалници. Не е ништо сменето и не знаат да понудат ништо подобро од она што го покажаа во 12 години владеење. Нивната неспособност особено доаѓа до израз во Град Скопје, каде ВМРО-ДПМНЕ има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот, директори и членови на Управните и Надзорните одбори на јавните претпријатија и сите тие заедно со шпицниот градоначалник Мицкоски предизвикаа хаос и катастрофа во главниот град, грижејќи се за тендери и за провизи, наместо за граѓаните, рече Костадиновска Стојчевска.