„Млад старец“, Казим има 95г. и витален е како млад човек

0
1446

Казим Гурбуз е роден во градот Адана, Турција, во 1920 година..Screenshot_2

95-годишникот привлекол големо внимание кај јавноста поради својата еластичност, а својот младешки изглед му го припишува на редовното вежбање, исхраната и позитивниот пристап кон животот.

kazim2

Казим е убеден дека секој може да изгледа вака на тие години, бидејќи според него тајната на долговечноста е многу едноставна. Наведува дека редовното вежбање и работата за еластичноста на телото и зглобовите е пресудна. Подеднакво важна е исхраната, на пример, треба да се јадат здрави маслинки, мед, свежо овошје и зеленчук, итн.

kazim3

Еластичниот „млад старец“ тврди дека човечкиот живот се скратува со престојување во затворени канцеларии, каде нема свеж воздух и сонце, а луѓето седат пред компјутери. Тој оди зиме на скијање и прошетка, а летото ужива во морето.

Казим тврди и дека има сексуална кондиција карактеристична за 30-годишен маж. Голем обожавател е на јогата и долгогодишен учител за оваа древна вештина. Дури и денес може да ги изведе најтешките пози.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=8lc7Zdl7TGs[/youtube]