(ВИДЕО) Заев во Делчево и Пехчево: Груевски ќе си оди, а граѓаните ќе ги вратиме

0
1313

Последните автобуси за Италија од Пехчево заминале минатата недела. Ова беше меѓу првите информации што ја слушна на пазарот во градот претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој вчера до доцните вечерни часови беше во беровско – пехчевско – делчевскиот крај, заедно со членот на Извршниот одбор, Благој Бочварски, придружувани од општинските раководства во градовите.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=p9NFKvFV3Wg[/youtube]

Битката се добива, но мораме заедно повика претседателот Заев, кој од Пехчево замина за село Разловци, делчевско. Тоа е најодалеченото село од Делчево, 18 километри и до него се стига само по еден пат. Има можност за друг пат, преку којшто за 8 километри би се стигало до Берово, но патот го нема.

Историското село познато по Разловечкото востание, каде што некогаш живееле 3000 луѓе, сега има 600 – 700 жители. Околу 200 од нив се стари. Дел од куќите се руина, пред нив спијат мачиња, наместо да играат деца. И овде болката на луѓето се иселувањата.

Тие со со горчина посочуваат на Спомен домот на разловечкото востание, којшто наместо споменик на културата, сведочи за негрижата на власта.

Во Разловци лекар доаѓа еднаш неделно. На луѓето кои имаат итна потреба, им помага жена која работи како медицинска сестра во Делчево. Тука главно се одгледува стока. Но сега жителите имаат и друга мака, како да ја носат на паша, зашто фали дел од импровизираниот мост што го однеле поплавите.

-Не може да има за споменици, а да нема за мост, амбуланта, за пат, тоа ќе го промениме, рече Заев кој вети дека ќе се реконструира и Спомен домот.

Во село Тработивиште тој се сретна со жителите пред селска џамија.
-Груевски стави камен за канализација, но одвод нема, смрди, не се живее – зборуваше во револт една жена.

-Нивните нека јадат чоколади, но нашите немаат ни леб ни смоки – говореше низ јад една мајка. Друга се пожали дека во секоја втора куќа има иселени во странство.

-Милијарди украде оваа власт. Парите мора да се вратат кон граѓаните, така ќе си ги вратиме и граѓаните дома, рече Заев.

Тој додаде дека во прашање е сосема различен концепт на управување преку којшто СДСМ ќе ја врати средната класа.

-Почнавме со проектот Вистината за Македонија, ќе завршиме со капитулација на Груевски. Државата повторно ќе биде во рацете на граѓаните, најави во обраќањето пред граѓаните во Делчево Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев при вчерашната посета на овој регион се сретна и со работници и со претсатвници од приватниот сектор.