СЕ ЗАПАЛИЛА ВИКЕНДИЦАТА ВО КОЈА ПРЕСТОЈУВАЛ МИЛЕ ЗЕЧЕВИЌ ВО МАВРОВО, НЕМА ПОВРЕДЕНИ, ПРИЧИНА РАСИПАН ОЏАК

0
3458

Во Леуново утрово Зечевиќ пријавил пожар во викендицата на неговата мајка.

Денеска наутро (12.02.2023) околу 06.10 часот, М.З.(51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал пожар во внатрешна инсталација на викенд куќа во село Леуново, сопственост на неговата мајка, во која престојувал.

Повредени нема, интервенирала гостиварската територијална противпожарна единица.

Во текот на денешниот ден ќе се врши увид“, соопштија од МВР.Според информации кои ги пренесе „Фокус“, пожарот избувнал од внатре, а сомнежите се дека имало некакви проблеми со оџакот.