ОБВРСКА НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ Е ДА СЕ ДОГОВОРАТ ЗА ДАТУМОТ НА ИЗБОРИ, ШИЛЕГОВ: ВМРО-ДПМНЕ Е СВЕСНА ЗА СОПСТВЕНИОТ НЕУСПЕХ ВО СКОПЈЕ И СИ БАРА АЛИБИ ЗА ОСПОРУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

0
740

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека е обврска на политичките партии да договорат конкретен термин за одржување на локалните избори. Според него, граѓаните за три месеци ќе решаваат за тоа кој ќе ги предводи во градовите каде што живеат. Шилегов вели дека за него не е важно кој датум ќе се избере бидејќи е уверен дека ќе добие широка поддршка од граѓаните на Скопје.

“Јас знам дека на скопјани им е сеедно дали изборите ќе бидат на 31-ви октомври или порано затоа што знам дека ќе изберат континуитет во дејствувањето и во функционирањето на градот. Ние сме подготвени, имаме и со што да излеземе пред скопјани, имаме и што да понудиме како продолжение, како континуитет на оваа успешна скопска приказна” – рече градоначалникот Шилегов.

Шилегов смета дека опозицијата е свесна за сопствениот неуспех и уште отсега бара алиби за да ги оспорува резултатите.