Не лежи суштината во УРА

0
1055

Ќе има ли Пржино 3 ? …

Имаме ли ние легислатива за СПЕЦИЈАЛЕН ОБВИНИТЕЛ ? …

zoranjovanovski1

Вовед …

Ако добиеш поддршка од граѓаните, тоа никако не значи дека во текот на мандатот имаш право да правиш што сакаш, а единствен суд да ти бидат повторно граѓаните на следните избори. Па зошто тогаш постои правосудниот систем и  полицијата? Само за обичните смртници? Претпоставувате на што алудирам.

Следејќи ја актуелната политичка ситуација мене ми изгледа дека премиерот Гуевски како и неговите соработници и подржувачи се водат токму по оваа логика. Јас ова мое мнение го темелам од начинот на ПРАКТИКУВАЊЕ на власта од  страна на оваа влада и нивниот изговор и оправдување за истото, односно тезата дека на избори граѓаните ќе пресудат.  Никако не би можел да го поддржам овој метод, каде што едноставно си запоседнуваш или “РАНИШ„ 23% од гласачкото тело и поради мултиетничноста на нашата држава со помош на истиве “ВЕЧНО„ остануваш на власт, се однесуваш како што сакаш и се тие (истите,твоите) ти судат.

Најнов, велам само најнов а не и најстрашен (далеку од тоа) пример за тоа (поради содржината на прислушкуваните  разговори) е нафрлувањето со клоци и тупаници од страна на вицепремиерот Пешевски кон новинарот Саше Ивановски,  за поставено провокативно новинарско прашање. Овој инцидент за жал некако, како да помина во сенка на договорот од Пржино 2, но мислам дека е ПРЕСЕРИОЗЕН и ПРЕСТРАШЕН за да едноставно помине така. Мора судот да му суди на Пешевски, а не  граѓаните на избори! Делото што го стори вицепремиерот Пешевски, да беше обичен граѓанин ќе завршеше во полициска станица и заработеше кривична пријава, а ако беше опозиционер ќе завршеше во притвор. Тој ако поминал СКРОЗ неказнето (пред се мислам  на правниот, а не политичкот аспект) ете ти уште еден пример за НЕ ДВОЈНИ, ами ТРОЈНИ АРШИНИ на нашиот правосуден систем.

ДОГОВОРОТ од ПРЖИНО 2 …

Ѓаволски ќе биде тешко четворицата лидери да се согласат околу кадровското решение за новиот СПЕЦИЈАЛЕН ОБВИНИТЕЛ.

Многу е веројатно да не се согласат и да падне целот овој договор. Мене не ми е целосно позната целата оваа сетуација околу специјалниот обвинител и не ми е јасно како тој ќе ја црпи целата таа АВТОНОМИЈА и СПЕЦИЈАЛНИ НАДЛЕЖНОСТИ доколку немаме соодветна легислатива за тоа. Имаме ли ние  правна регулација за СПЕЦИЈАЛЕН ОБВИНИТЕЛ и кој акт би ги регулирал неговите СПЕЦИЈАЛНИ надлежности како и релациите на истиот со останатите правосудни органи и органите за внатрешни работи.

Ако позитивното право нема одговор на ова и ако допрва треба да се носи легислатива, тогаш овој процес ќе трае, како и судската постапка околу разговорите кои произлегуваат од следењето на комуникациите и неверувам дека тоа  би можело да се заврши до Април. А БУДАЛЕСТО би било истите политичари да одат на избори, без претходно да расчистат со ова. Не може народот за ова да суди на избори. За вакво нешто, не е стручен и подложен е на СИЛНАТА ВЛАДИНА ПРОПАГАНДНА МАШИНЕРИЈА. А богами (одреден дел) и подмитлив е, односно корумпиран.

Министри и заменици со право на ВЕТО …

Добивањето на заменик министерско место на СДСМ кој ќе има право на вето во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ е можеби  механизам со кој ќе може да се ПОДЗАПРАТ и ПОДЗАУЗДААТ владините медиумски АЖДАИ, кои по мене имаа КЛУЧНА улога во одржувањето на рејтингот на Груевски. Знаете како, ако нешто СЕ СЛУЧИЛО а го НЕМА во медиуми исто како ДА НЕ СЕ СЛУЧИЛО.И обратно, ако нешто НЕ СЕ СЛУЧИЛО а го ИМА во медиуми исто како ДА СЕ СЛУЧИЛО. Тоа е таа илузија која можат да ја створат и ја создаваа кај нас провладините медиуми.

Добивањето на министерско место во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ исто така ми делува за некаков гарант за прочист- ување на избирачкиот список, како и ревизија кој се поседува лична карта во оваа наша држава.

Премиер …

Што се однесува до прашањето за ПРЕМИЕР во новата влада која што треба да се случи на 15-ти Јануар 2016 односно 100 дена пред предвремените парламентарни избори, мислам дека овде нема никаква суштинска промена. Нема да биде  премиер Груевски, ќе биде премиер Груевски 2. Од причина што за да биде подобен за да биде поставен, (СТРАВУВАМ дека) ќе мора да биде “ДОБАР ПОСЛУШНИК„, затоа што ниту еден вистински интелектуалец и вистински квалитетен кадар не би си дозволил таква БЛАМАЖА и затоа претпоставувам дека повторно ќе биде тоа некој лик “ПАДНАТ ОД МАРС„ некое ужасно кадровско решение, поставено да спроведува наредби и мисли со туѓа глава.

Финален став …

Не би можел финално да формирам став по однос на договорот од Пржино 2, од причина што истиот сам по себе е ПРЕ КРАТОК и остава можност за бројни ОПСТРУКЦИИ и институционално-административни мангупстава, (како што впрочем  до сега МНОГУПАТИ ги видовме) од страната која што е “притисната во тесно„. Исто така истава оваа страна која  што е “притисната во тесно„ со истиов договор си задржа за себе ДОМИНАНТНА па и ПРЕДОМИНАНТНА позиција во  управувањето со државава (од сега па се до изборите) и затоа се сомневам дека со легални институционални методи, ќе ја присилат опозицијата да се откаже од договорот и да почне се од НОВО, односно да си продолжиме по СТАРО.

Поради ШТУРОСТА и НЕПОДРОБНОСТА на договорот од Пржино 2, но и поради неговата суштина (да се РАСКЛИНКА  криминалот, корупцијата, злоуботребата и неетичкото практикување на власта, но и евентуалното противзаконско дејание од било кого) а имајќи ја в предвид политичката но и карактерната профилација на луѓето кој се на власт, оставам голема веријатност за можноста, да истиот овој договор се УРУШИ уште на самиот почеток на инплементацијата, или по тоа и повторно да се преговара за истото.

Овој договор, сам по себе ништо не решава. Но мора од негде да се почне, па затоа не велам дека е ЛОШ. Но не велам дека е и ДОБАР. Единствено што не ми се допаѓа е ПОПУЛИЗМОТ на СИТЕ инволвирани страни по потпишувањето. Единствено  што не ми се допаѓа, е тоа што сите викнаа УРА. И ЗАЕВ и ГРУЕВСКИ и СТРАНЦИТЕ. Странците од кариеристички причини,  нашиве од ПОПУЛИСТИЧКИ.

За крај, за да нема никакви дилеми, јас ја декларирам својата наклонетост кон опозицијата (бар до овој момент)

Пишува : Зоран Јованоски