50 НИЈАНСИ ЗДРАВЈЕ?!?!?!?!?

0
1359

Сексуалниот живот на секој човек е негова интима, но за жал во голем број на земји па и кај нас тоа е табу тема што често, срамежливо ја избегнуваме. Популарната серија „Сексот и Градот“  и „Педесет Нијанси на Сиво“, како да го скршија мразот на табуата и веќе подолго време отворено се зборува на оваа тема, посебно со блиските пријатели, се разменуваат мислења, се даваат совети што во голем дел им помага на паровите, па и на луѓето што живеат сингл да ги надминат своите проблеми, предрасуди да си помогнат на себе самите како и на другите.

Љубопитноста на партнерите ја наметна потребата од зачинување на игрите во спалната соба со секс играчки што во голема мера им помагаат на партнерите да ја надминат монотонијата и да го зголемат времетраењето на задоволствата. Секс играчките се прекрасни, фантастични, всушност, секоја возрасна личност треба да биде горд сопственик на една ваква играчка. Секс играчките се корисни за секоја возрасна група од 18 – 70 години. Тие станаа нормални и популарни дури и за оние скептиците. Нивното популаризирање, интензивно ја наметна потребата од испитување на здравствените бенефиции и недостатоци од нивна употреба. Една бивша медицинска сестра тврди дека правилната употреба на секс играчките е толку голема што треба да се препишуваат со лекарски рецепт. Хмммммммм, чудно, интересно или не? – би запрашале скептиците. Но дали знаете дека секс играчките помагаат не само на фичикото но и на менталното здравје подеднакво кај жените и кај мажите.

ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД УПОТРЕБАТА НА СЕКС ИГРАЧКИ И СУПЛЕМЕНТИ

Употребата на секс играчки има голем број на придобивки без разлика дали сте сингл или во врска. Тие се едноставни, ги има во различни видови и форми и она што ви останува е само да ја изберете онаа играчка што најмногу ви договара и да уживате во големиот број на придобивки од истата.

Добро познати придобивки од употребата на секс играчките се подобрување на сексуалното задоволство и изведба, подобрување на односот во врската помеѓу партнерите и сл. Но дали знаевте дека секс играчките може во голема мера да помогнат во спречување на одредени болести и ублажување на симптомите на веќе појавените болести?

КАЈ ЖЕНИТЕ

Секс играчките помагаат во третирањето на симптомите од менопауза како вагинална атрофија, вулвална/вагинална болка и затегнатост што се должи на вагинизам, вулводинија, хируршки интервенции, невролошка состојба како мултипла склероза, недостиг на либидо и слично.

Помагаат при лечењето на вагиналната област по раѓањето. Употребата на вибратор помага за зголемување на протокот на крв во областа на пелвисто при што се забрзува процесот на заздравување.

Некои лекови како медикаменти за третирање на рак, антидепресиви, антихистамини, лекови за крвен притисок и срцеви болести имаат негативно влијание врз сексуалната фунција кај мажите и кај жените.

Употребата на вибратори креира различни видови на сексуална стимулација, која што може да биде посебно корисна во случаи на намалена сексуална желба, намалено либидо или неможност да се постигне оргазам. Во некои истражувања се дошло до многу интересни сознанија, кај пациенти во менопауза дека правилната употреба на внатрешен слим вибратор со многу лубрикант помага во проблемите со несоница и прекумерено потење. Многу жени својот прв оргазам го доживеале со употреба на вибратор.

Секс играчките во голема мера помагаат за спречување и надминување на голем број на психички проблеми кај двата пола.

КАЈ МАЖИТЕ

Во минатото, употребата на секс играчките резултираше со намалена самодоверба кај мажите што се должи на недоволната информираност за нивната употреба. Со развојот на оваа индустрија која со текот на времето завзема се поголем замав, секс играчките добиваат подобар дизајн форма и квалитет што и на мажите им го овозможува задоволството подеднакво како и на жените. Сега и мажите можат да ги уживаат бенефитите и здравствените и психичките од употреба на секс играчките.

Постојат голем број на сексуални проблеми со кои се соочуваат мажите а на кои може во голема мера да им олеснат и помогне употребата на секс играчките. Тука се вклучени еректилна дисфункција, проблеми со простата, прерана ејакулација, недостиг на либидо и пост – оперативни проблеми за различни здравствени проблеми.

Прстените за стегање му помагаат на мажот за подолга ерекција, одржување на цврстина и одложување на еајакулацја. Постојат и посебно дизајнирани вибратори за мажи за одржување на ерекцијата и стимулација на нервните завршетоци.

Употребата на секс играчки за зголемување на сексуалното задоволство помага при проблеми со спиењето, го зголемува имунитетот, ослободува болка, го намалува стресот и ја зголемува концентрацијата и функцијата на мозокот. Не постои ограничување на возраста. За разлика од таблетите, секс играчките имаат многу мали негативни ефекти, можат на многу жени да им помогнат за да уживаат во оргазми на клиторис и оргазам на Г-точка, нешто што претходно го немаат доживеано.

Секс играчките им помагаат на луѓето во задржување на сексуалното уживање и својата интима и тогаш кога не е можен пенетрален секс. Употребата на секс играчките претходно можеби беше многу мала што се должи на срам и предрасуди, но експертите советуваат дека набавката на истите и грижата на сопственото здравје треба да ги надмине предрасудите и страмот. Препорака на експертите е поголема отвореност кон оваа тема.