ЗЕЌИРИ: Името на Зоран Заев со златни букви ќе биде испишано во историјата

0
984

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, во вечерашната дебата во „Клик Плус“ на ТВ 21 истакна дека не е исклучена коалиција со ДУИ на следните парламентарни избори, само под услов ако има нови луѓе во таа партија.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, кој беше соговорник на Зеќири, рече дека неговата партија е подготвена да коалицира со албанска партија, но со која ќе видиме по изборите.

Името на Зоран Заев со златни букви ќе биде испишано во историјата затоа што во негово време стануваме членка на НАТО, ги затворивме отворените прашања со соседите и ја гарантиравме за век и векови државноста на нашата земја и идентитетот и јазикот на Македонците, истакна Зеќири.

Според него, СДСМ во понеделник ќе ги објави листите за пратеници.