1ТВ: МВР и ОЈО ќе истражуваат говор на омраза во објавата на Ванковска

0
1347

Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство ќе истражува дали преку објавата на социјалните мрежи, професорката Билјана Ванковска ширела говор на омраза. Како што дознава 1ТВ од свои извори, спорната објава ќе биде предмет на истрага на надлежните институции, кои дополнително ќе објават детали.

За потсетување, синоќа додека се уште се броеја жртви од трагичната несреќа, Ванковска на својот профил напиша: „Каква трагедија и иронија: Карпалак“, што предизвика бура од негативни реакции. Дел од јавноста толкуваше дека со оваа објава, Ванковска сака да каже дека Карпалак би требало да претставува историска „компензација“ за друг трагичен настан во близина на истото место од конфликтот во 2001 година.

Објавата сега веќе е избришана, а Ванковска веднаш се пожали дека добивала пораки со заканувачка содржина на социјалните мрежи.