БОМБА на КОХА: Над 5.000 пензионери со по два матични броја!

0
1021

Над 5.000 пензионери продолжуваат да имаат по два матични броја, додека не се знае дали истите можеа да гласат два пати. Во оваа листа, која уште ја нема Државната Изборна Комисија, околу 60 отсто од пензионерите со по два матични броеви се Македонци, додека 40 отсто се Албанци, пишува весникот Коха, пренесува Телма.

Списокот до кој дојде весникот КОХА покажува дека на пример, Родна Димитриевич, пред неколку години го променила матичниот број 23XXXXXXXXX38 и сега пензијата ја зема со матичниот број 23 XXXXXXXXX14.

Сепак, првиот матичен број не е избришен од списокот на матичните броеви, но истиот фигурира како „пасивен„ матичен број на име на Родна. Исто така, има и случаеви кога, на пример, во списокот со по два матични броеви – активен и пасивен, но МВР не го избришил е и Трајко Ристевски и Ристевски Трајко – првиот дека добива редовна пензија, додека вториот не фигурира никогаш во ПИОМ.

Истата ситуација се појавува и кај пензионерката Рабије Ајдари, на која матичниот број и завршува со 039, додека вториот број и завршува со 033. Во Министерството за Внатрешни Работи потврдуваат дека има граѓани, меѓу кои и пензионери, кои ги промениле матичните броеви, но дека е невозможно едно лице да поседува два матични броја – еден активен и еден пасивен.

„Овие денови ќе го потврдиме ова што го велите и после тоа ќе има објаснување за јавноста„ велат од МВР за весникот КОХА. Меѓутоа, списокот до кој дојде весникот КОХА, го немат ни членовите на Државната Изборна Комисија, бидејќи како што велат од оваа институција истите можа да се измешаа или се произлезени од вкрстосувањето на податоци на МВР со 10 други институции.

„Можеби имињата кои се во вашиот список може да бидат во вкрстосувањето на податоците на МВР, и ако не сме сто посто сигурни. Меѓутоа, сите списоци ќе бидат разгледувани„ велат од ДИК за КОХА. Зборувајќи за овој феномен, експертите од оваа област велат дека секое лице има само еден матичен број.

Но тие не ја исклучуваат можноста заради текничките грешки, на лисата да им бидат исправени матичните броеви некогаш, и во овој случај тие да имаат фактички два броја. Но изворот на Коха додава, во тој случај, стариот матичен број задолжително преминува во пасивен и не е бришен од регистарот но како таков постои за да го одреди контионуитетот на идентитетот на лицето кој сега има нов матичен број. Весникот КОХА во иднина ќе ги истражува причините за овој голем број на пензионери со по два матични броеви, како и дали овие лица гласале некогаш по два пати.