ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ГРАБНУВАЊЕТО НА СУПЕР АВТОМОБИЛ ВО САД ЌЕ ТРГНЕ НЕУСПЕШНО

0
421

Tројца се обиделе да му го украдат скапиот теренец, еден детаљ го спасил…

На „филмската сцена“, од петокот, што во САД станува секојдневие, се гледа паркинг од супермаркет во Њу Џерси каде е паркиран скапиот Bentley Bentayga, при што сопственикот седи во автомобилот, а вратата е отворена.

Набрзо, на снимката се гледа како се приближуваат три сомнителни лица со качулки и маски и се обидуваат насилно да го извлечат возачот од автомобилот. Двајца влегуваат од возачката, а еден од совозачката врата. Безизлезна е ситуацијата за возачот, кој е и син на сопственикот на супермаркетот на чиј паркинг застанал, пренесуваат информативните агенции.

Набрзо успеваат, но сепак не успеваат да го запалат моторот на автомобилот и да избегаат. Имено, возачот случајно го имал клучот од автомобилот во џебот. Ова го видел откако крадците веќе ја затвориле вратата и побегнал од нив. Крадците кога виделе дека не можат да го запалат моторот се откажале и го напуштиле местото.

Сопственикот на Bentley Bentayga истрчал до супермаркетот и повикал полиција. Како што пренесува ABC 7, тој е физички добро и се вратил на работа во вторникот, но сепак е потресен бидејќи ова е втор пат да биде мета на крадци на автомобили.

Во првиот обид го нападнале додека возел Mercedes G Class, кој на крајот успеале да му го украдат.

По објавувањето на видеото реагираше и градоначалникот кој рече дека веќе трипати, па дури и четирикратно ги зголемиле полициските патроли по улиците на градот. Очигледно без голем успех, бидејќи криминалот не е намален, а споменатите криминалци се уште не се идентификувани, а не лишени од слобода.