УЖАС : БРОЈКАТА НА ЖРТВИ ВО ТУРЦИЈА И СИРИЈА ПОСТОЈАНО РАСТЕ, СЕГА ПОРАСНА ЗА 28.000 ЗАГИНАТИ!

0
443

-Досега во Турција загинати се 24.617 лица. Се работи на нивна идентификација и погребување. Воедно стручните тимови и надлежните институции им пружаат психолошка поддршка на семејствата на жртвите, рече Откај.Посочи дека се уште е во тек евакуација на лицата кои ги загубија своите домови. Бесплатни авиолетови на Туркиш ерлајнс ги пренесуваат до своите роднини во други градови или во поставените засолништа.

На терен се и голем број стручни лица кои ги проверуваат објектите и нивната сигурност. Во објектите кои се без оштетувања и кои се безбедни, по извршените проверки, на жителите ќе им биде дозволено да се вратат во своите домови.Во градовите погодени од земјотресот уапсено се 131 лице, а надлежните органи работат на овие случаи.Претходно Гардијан, повикувајќи се на АФП, објави дека во Сирија загинале 3.553 лица.