Шоуменот Боки Јовановски продолжува со хуманитерните подвизи во Македонија под палката на Меѓународниот Сојуз на Македонија. Тој заедно со сопствениците на ресторан ,,Дион” обезбедија храна и вработување на семејства кои гладуваат и се без работа во време од една година.
Заедничкиот ручек со Боки и семејствата на кои им е потребно згрижување има цел да ги поттикне и другите угостители да го следат овој пример за да се помогне на овие социјално загрозени семејства.