СДСМ го осуди нападот врз новинарската екипа на „Ал Џазеира“ на вчерашниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

0
863

„Слободата на изразување и непреченото работење на новинарите и медиумските работници во секое демократско општество, какво што е и во Северна Македонија се загарантирани и неповредливи. За поздравување е тоа што институциите брзо реагирале, очекуваме и соодветна казна за извршителите на нападот. Нападот врз новинарски екипи уште еднаш го потврди насилничкиот и понижувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и новинарите“, се наведува во соопштението.

Заробена во сопствената деструкција, и во опозиција, исто како и на власт, велат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ во медиумите гледа единствено непријатели.

„Нереформираната, назадна партија, ВМРО-ДПМНЕ, не смогна сили ниту да го осуди нападот, ниту да се извини на нападнатата новинарка“, велат од СДСМ.

Извор : МакФакс