Русковска бара 10.000 евра од ВМРО поради предизборен спот

0
813

Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска го тужи ВМРО-ДПМНЕ бидејќи нејзиниот лик беше употребен во предизборните спотови како личност која е извршител на власта.

Русковска покрена тужба пред граѓанскиот суд со која бара отштета од 10 000 евра, кои, ако ги добие, ќе ги даде во хуманитарни цели.

Првото рочиште е закажано за 23 септември.