АНГЕЛА МЕРКЕЛ СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА: Заев на 21 февруари ќе има средба и заедничка прес-конференција со Меркел!

0
1005

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација која на 21 февруари ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија, соопшти владината прес-служба.

За време на оваа посета во Берлин, претседателот на Владата ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел. По средбата, канцеларката Меркел и премиерот Зоран Заев ќе имаат заедничка прес – конференција.

Официјалната посета предвидува и средба со претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер.

Во рамките на агендата на официјалната посета на Германија, премиерот Заев ќе има и свое обраќање во централната канцеларија на Фондацијата Фридрих Еберт.