ИЗРАЕЛ ЈА БОМБАРДИРАШЕ КУЌАТА НА ЛИДЕРОТ НА ХАМАС ВО ПОЈАСОТ ГАЗА

0
863

Израелската војска во неделата соопшти дека го уништила домот на главниот водач на Хамас во Газа, трет ваков напад за исто толку дена по речиси една недела силни израелски воздушни напади на територијата. Палестинската милитантна група Хамас која владее со Газа, истрела стотици ракети кон израелските градови.

Израел ги засили нападите во последните денови за да му нанесе што е можно поголема штета на Хамас, додека се забрзаат напорите за посредување на примирјето. Дипломат од САД е во регионот за да се обиде да ја деескалира ситуацијата, а Советот за безбедност на ООН треба да се состане в недела.

Војската соопшти дека ги погодила домовите на Јехије Синвар, највисокиот водач на Хамас во рамките на територијата и неговиот брат Мухамед, висок член на Хамас. Во саботата го уништи домот на Халил ал-Хаех, висок човек во политичкото крило на Хамас.

Бригадниот генерал Хидаи Зилберман го потврди нападот врз куќата на Синвар во градот Кан Јунис на југот на Газа за армиското радио. Портпаролот на армијата рече дека домот на братот на Синвар, кој е одговорен за логистиката и персоналот на Хамас, исто така бил уништен.