СДСМ : ВИДОВМЕ МИЦКОСКИ КОГО ВРАБОТИ ВО 50 ОПШТИНИ ШТО ГИ ВОДАТ И ВО ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО СКОПЈЕ, НИТУ МЛАДИ НИТУ СТУДЕНТИ, САМО ПРОМАШЕНИ ПАРТИЗАЦИИ

0
483

Мицкоски мисли изгледа дека граѓаните се наивни и не гледаат каква партизација направија во 50 општини под водство на ВМРО-ДПМНЕ и во јавните претпријатија во Скопје и во другите локални самоуправи.

Видовме сите а видоа и граѓаните. Ниту млади, ниту студенти, наместо поддршка за младите и студентите ВМРО-ДПМНЕ во 50 општини, во јавните претпријатија спроведува масовна партизација со неспособни и некадарни послушници.

Само во ЈП Водовод за неколку месеци ВМРО-ДПМНЕ вдомила над 100 партиски членови.

Така е во сите општини.

15 милиони денари ќе потроши општина Гази Баба за партиски вработувања, по пет милиони ќе потрошат Аеродром, Кочани, Илинден, а партиски вработувања се изнагледавме и во јавните претпријатија како ЈП Водовод и канализација Скопје и ЈКП Дервен од Велес.

Мицкоски лажно заборува и за намалување даноци, затоа што неговите градоначалници меѓу првите одлуки им се поскапувањата на услугите за граѓаните и ги задолжуваат општините.

Речиси и да нема општина раководена од ВМРО-ДПМНЕ каде нема поскапи комунални услуги,  а општините Прилеп, Аеродром, Бутел, Гевгелија се само дел од општините кои прават милионски задолжувања на своите граѓани.

Кого мисли дека може да излаже заложникот на Апасиев, Христијан Мицкоски?