ВИЦЕ ПРЕМИЕРОТ БИТИЌИ ЌЕ ЈА ПОМОГНЕ ИНИЦИЈАТИВАТА НА АГРОТИМ ЗА ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ КУЛТУРИ

0
818

Денеска со земјоделскиот производител на градинарски култури, Јован Петков, ја продолживме мисијата за развој на Договорното производство во Валандовско.

На наше барање, а на големо задоволство, вицепремиерот Фатмир Битиќи покажа интерес да се запознае одблизу со иницијативата на Агротим за здружување на земјоделците и преработувачите во обезбедувањето на што поголеми количини домашна суровина за преработка.

Тоа е во интерес на сите чинители во процесот, од земјоделци, преработувачи и секако Владата како креатор на мерките за поддршка на земјоделството и стопанството.

Во тоа сме согласни сите, па останува само да го продолжиме развојот на Договорното производство со голема поддршка од институциите задолжени за овој сектор.

Му благодариме на вицепремиерот Битиќи за средбата и поддршката на проектот. Тоа земјоделските производители знаат да го почитуваат.