САД И ЕУ ПОВИКАА НА ВОЗРЖАНОСТ И БЕЗУСЛОВНА ДЕЕСКАЛАЦИЈА НА СИТУАЦИЈАТА ВО КОСОВО

0
344

САД и Европската Унија гледаат со загриженост на континуираната тензична ситуација во северот од Косово, истакнаа денес Вашингтон и Брисел во заедничка изјава. -Ги повикуваме сите да покажат максимум воздржаност, да се презеде итна акција за безусловна деескалација на ситуацијата, и да се избегнуваат провокации, закани или застрашувања, се вели во заедничката изјава потпишана од заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател и портпаролката на винскиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Набила Масарали.

-Работиме со претседателот Вучиќ и премиерот Курти да се најде политичко решение, да се олабават тензиите и да се договори прогрес во интерес на стабилноста, безбедноста и добробит на сите локални заедници, рекоа тие. -Ја поздравуваме гаранцијата од лидерите на Косово кои потврдуваат дека нема листа на српски граѓани за нивно апсење или прогон за мирни протести или барикади. Истовремено, мора да се почитува владеењето на правото, а секоја форма на насилство е неприфатлива и нема да се толерира.

Се вели дека САД ќе ја поддржуваат ЕУ преку мисијата ЕУЛЕКС, во согласност со нејзиниот мандат а тоа е набљудување и промовирање на почитување на човековите права, како на пример гаранции за фер судење, како и заштита и еднаков третман за членовите на малцинствата во Косово. САД и ЕУ бараат Косово и Србија да градат атмосфера на помирување, регионална стабилност и кооперација во корист на нивните граѓани и „целосно имплементирање на дијалог без задршки”.