СОВРЕМЕНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е ТЕМЕЛ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА, ЦАРОВСКА: АПСУРДНО Е ВМРО-ДПМНЕ ДА ПОВИКУВА НА БОЈКОТ НА РЕФОРМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

0
1112

“Ова е прва Влада која  покажува дека интересот на ученикот е пред сечиј друг и дека децата се нашата иднина. Политичката партија која владееше 12 години постојано наоѓаше изговори зошто да не се подобри, модернизира, осовремени образованието. Веројатно тоа на некого му одговарало. Затоа нашите деца денеска на меѓународните тестирања се најдолу на листите и тоа е поразително за нашата држава” – изјави министерката за образование, Мила Царовска.

Царовска истакна дека остваруваат се’ што ветиле, иако имало недоверба  како што биле сомневањата дека од октомври ќе се реализира онлајн наставата која почна и успешно се одвива, а веќе се донесени новите наставни програми и се пријавени квалитетни автори. Рече и дека учебната година ќе биде заокружена со успешно спроведување на државната матура.

Таа нагласи дека искажувањето сопствени мислења е демократско право што таа го почитува и се бори за тоа и сега кога е министерка и дека се зема предвид секоја конструктивна забелешка, а законските решенија се отворени за коментари од јавноста. Според неа образовните политики на МОН имаат голема поддршка. 

“Поддршката е огромна. Но сакам да апелирам партиските тесни, лични интереси да се тргнат настрана од образованието. Во моментов може да се види дека имаме опозиција којашто не само што не знаела што да прави со образованието во времето кога владеела, а тоа е 12 години, туку и денеска апсурдно повикува на бојкот на нешто коешто значи современо образование. Затоа што дигитализацијата не зависи од нашата држава, дигитализацијата зависи од светот кој интензивно ги припрема своите деца да живеат и работат во 21 век. Токму затоа дигитализацијата е нужна и неопходна и тоа го видовме во времето на пандемија” – изјави Царовска.