Петар Богојески: Немам бугарски пасош

0
1538

Петар Богојески нема бугарски пасош.

Краси другарчо, (Красимир Каракачанов) знам дека ти лично не си во можност да го напуштиш болшевичкото поведение и божидаризмот чиј перјаник си, но веќе ја преминуваш црвената линија! Со овие удбашки методи на црнење на моето име ништо нема да постигнеш, напротив уште повеќе ме мотивираш да ве направам турска туршија или да ве растурам како бугарска скупштина!

Со лага не бидуваш ага! Прво започна со лаги дека сум бил твој кадар во Македонија и дека ме финансираш… потоа продолжи со лаги дека сме се познавале многу одамна и дека си ме школувал во Бугарија и си ми давал стипендија… па повторно лаги за средби со тебе на Пироска 5 и мој престој во некои твои апартаменти… па лаги дека имам пасош од 2002 година… па лаги за пасош на Искар… денес лаги дека имам пасош на Обориште… до кога и до каде со вакво поведение бре другарчо Краси?!?

Дај еднаш договорете се бугарските болшевици помеѓу себе, кои лаги ќе ги ширите за мене, вака ептен е непријатно да бидете цело време фаќани во лага! Целата пропаганда во Македонија ви е базирана на лаги, на фалсификувани документи, фалсификувани докази, затоа и ништо не ви поминува! И нема да ви помине! Другарчо Краси, сега доколку потврдиш дека сум јас, тој кој си го објавил со име и презиме како моето, ти останува само еден избор:

1. Или ќе ми дадеш пасош по брза постапка (секако без пари, рушвет не ти давам);

2. Или ќе треба на суд да ги докажеш сите лаги и клевете изречени за мене;

За моето вакцинирање да не се грижиш, јас не ја обичам твојата омилена Спутник Варбург вакцина! Ако ми дадеш пасош следните денови и ме внесеш во избирачки список, за жал нема да гласам за ниту една болшевичка опција во која за жал си и ти, а ќе гласам за вистински европски политичари во Бугарија, кои знаат што значи проширување на ЕУ на Балкан!

Петар Богојески

П.С. Краси другар, ова вака нема да заврши! Ќе мора да ги отвориме фирмите од Битола и Охрид, од Штип и Кичево… за продажба и собирање на рушвет за бугарски пасоши во Македонија!

П.П.С. Секако и списоците со бугарски агенти, кои работат во интерес на трети земји, а против НАТО и ЕУ!

П.П.П.С. Сликата ставена на овој пост е доказ дека не само што лажеш, туку и крадеш! Како било можно на Петар Богојески, кој ако бил бугарски државјанин од 2002 година, сте му издавале долги години визи за престој во Бугарија?!? Од кога на Бугари издавате визи за Бугарија?!? Дали им земате рекет на сите македонски студенти во Бугарија и од тој крминал ја финансирате бандата наречена “БНД”?!?