САД ДОНИРАА НА МВР 163 000 ДОЛАРИ ТЕХНИЧКА ОПРЕМА И СРЕДСТВА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА, РУСИТЕ УШТЕ ГИ ЧЕКАМЕ!

0
815

Благодарност до нашите докажани пријатели – Владата на САД и Амбасадата на САД во Република Северна Македонија за нивното цврсто и доследно партнерство во процесот на реформирање и развој на полицијата, како еден од клучните сегменти во унапредувањето на националната, но и регионалната и глобалната безбедност.

Особена чест ми е денеска заедно со Н.Е. амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, да најавам уште една важна и за нас вредна донација од нашите американски пријатели преку ИЦИТАП програмата на САД – опрема и средства вредни 163 илјади американски долари, во насока на справувањето со КОВИД-19, наменети за МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Црвен крст, меѓу кои и: генератори за струја, цистерни за вода, рефлектори, термометри, дезинфекциони средства, лаптопи и др.

Изминативе години ги одбележавме со интензивни реформи и осовременување на капацитетите на МВР, процес чии резултати во голема мера се должат на нашето партнерство со САД, кои како наш силен поддржувач несебично инвестираа со речиси стотината донации во разновидна техничка помош, но и во стручна, професионална и техничка едукација и обука на полициските службеници.